Поранешниот тренер на Мајк Тајсон и актуелен телевизиски коментатор, Теди Атлас, избјави дека не е видел покорумпирана организација од АИБА. Тој е револтиран од скандалозното судењето за време на Олимписките игри.
„40 години се занимавам со бокс. Никогаш не сум видел толку корумпирана организација во мојот живот. Американската телевизија НБЦ прави нешто, бидејќи не пренесува боксерски мечеви. Го кријат она што се случува. Срамно е, бидејќи навивачите не можат да го видат скандалозните одлуки кои беа донесени“.