Кличко: Принуден сум да го тужам Фјури (ВИДЕО)

Klicko Fjuri oci v oci

Возвратниот меч меѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури постојано се соочува со нови препреки.

Борбата беше првично закажана за 9 јули во Манчестер, но Фјури се повредеи. Потоа се појави информацијата дека паднал на допинг тест во пресрет на првата борба, а Британецот поради тоа најави тужба против Британската антидопинг агенција, пред која ќе мора да оди на сослушување.

Се чини дека тоа не му е единствениот можен излез на судот. Владимир Кличко денеска на својата Фејсбук страница објави видео во кое зборува дека е принуден да го тужи Фјури.

„Почитувани фанови,

Само сакам да ве држам во тек со статус кво ситуацијата со мојот реванш со Тајсон Фјури. За жал, Фјури неколку пати се обиде да ги менува условите на веќе потпишаниот договор и тоа оди во недоглед. За да ги заштитам своите права и како би го виделе реваншот, принуден сум да одам на суд“.

Новиот датум за реваншот е 29 октомври во Манчестер.

ВИДЕО.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО