Миочиќ: Јас сум дивјак, што и да мисли да направи Оверем – нема да победи!

stipe miocic hunt-udira

Алистер Оверем верува дека Стипе Миочиќ нема повеќе глад во себе која ја имаше пред да го нокаутира Вердум и да стане шампион на УФЦ.

Холанѓанецот смета дека Миочиќ се посветил на забава, ја слави својата титулата, но и таа на Кливленд Кавалирс, па женидбата. „Пожарникарот“, му одговара дека може да верува во што сака, ако тоа му помогне подобро да се чувствува.

„Ќе видите уште подобра верзија од мене. Ќе дојдам и ќе го скршам и ќе го држам овој појас уште долго време. Мислам, можам да каже што сака за да си ја подигне самодовербата. Но, тренирам нон-стоп и сум во одлична форма“.

„Би сакал борбата да е овој викенд. Подготвен сум. Тој сака да се каже дека тој е гладниот борец, но се слушај, брате, јас сум дивјак. Подготвен сум. Слушај, тој е цврст човек, се борел со најдобарите во светот, тој е К -1 тип кој е добро на земја, добра е во сите области. Се врати силно и даа се борев со момци кои беа во повторен подем, и сопирав многу брзо. Така што, кога ќе помине УФЦ 203 и понатаму ќе го имам тој појас околу половината“.

„Така, што и да направил или мислел, нема да победи. Јас ќе бидам со крената рака на крајот на вечерта. Се борев со најсилните во тешка категорија. Оверем е само уште еден човек кој го ставиле пред мене и на мене ми останува да го заспијам. Ќе бидам шампион долго време и тој е само уште еден тип пред мене“, рече американско-хрватскиот тешкаш за австралиско Сабмишн радио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО