Теди Атлас: Мек Грегор треба да тренира пет години за меч со Мејведер (ВИДЕО)

Mejveder mek gregor pozadina

Славниот боксерски тренер и анализатор, Теди Атлас, даде многу интересна изјава за можностите на ММА ѕвездата Конор Мек Грегор да го победи Флојд Мејведер во меч по правилата на професионалниот бокс.

„Конор има потреба да се подготвува пет години, ако сака да биде рамноправен на елитен професионален боксер. Ако се одржи таков натпревар, тој нема да биде рамноправен. Би го советувал Мек Грегор да не напаѓа директно, бидејќи тоа не е добра идеја против ривал со одличен контра стил. Ако бев букмејкер, никогаш не би прифатил облози за победа на Мејведер, бидејќи мечот е јасен“, вели Атлас.

https://youtu.be/LSynRaeOTYY

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО