Теди Атлас го тренира Нгану (ФОТО)

Легендарниот бокс тренер и член на боксерската „Куќа на славата“ – Теди Атлас му помага во тренингот на Франсис Нгану. Веста ја објави предизвикувачот број 1 за титулата во тешка категорија во УФЦ.

„Ви благодарам што синоќа споделивте дел од вашето знаење со мене, Теди Атлас. Ајде наскоро повторно да направиме уште неколку рунди“, напиша „Хишника“ на својот Инстаграм профил.

https://www.instagram.com/p/CFtCxWHn5g9/?utm_source=ig_embed

Теди Атлас е еден од најдобрите тренери во боксот на сите времиња. Во својата кариера како ментор, водеше 18 боксери кон светскиот врв, вклучувајќи ги Мајк Тајсон, Мајкл Мурер, Александар Поветкин и други.

Франсис Нгану очекува да добие термин во наредните денови за неговиот следен меч во октагонот. Се шпекулира дека ова ќе биде пресметка за титулата на тешкашите против шампионот Стипе Миочиќ.

Тие имаат меѓусебен дуел, кој заврши со победа на актуелниот шампион со едногласна одлука во 2018 година. Веднаш потоа „Предаторот“ загуби од Дерик Луис, но следните 4 последователни успеси со нокаут му дадоа нова шанса за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON