Се знае противникот на Гасиев за дебито во тешка категорија

Мурат Гасиев ќе дебитира во тешка категорија против Кевин Џонсон. Ова го објави тимот на Гасиев, пренесе ТАСС.

„Враќањето на Мурат Гасиев е планирано за 31 октомври во Сочи. Противник е Кевин Џонсон “, јавија медиумите. Борбата е за испразнетата интерконтинентална титула во тешка категорија на ВБА.

Џонсон има 41 година. Тој има биланс од 35 победи, 1 нерешена и 17 порази. Американецот може да се пофали дека се сретнал со некои од најсилните боксери во тешка категорија. Пред единаесет години загуби од Витали Кличко во меч за титулата во тешка категорија на ВБЦ.

Во 2012 година Џонсон загуби од актуелниот светски шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури, а три години подоцна повторно се избори за борба за светската титула против Ентони Џошуа, но беше запрен уште во втората рунда.

Во неговиот последен меч, одржан во август во Германија, Џонсон убедливо го победи поранешниот шампион Хоан Пабло Хернандез.

Гасиев (26) е поранешен светски шампион во полутешка категорија на ИБФ и на ВБА.

Русинот е надвор од рингот повеќе од две години. Го мачеа повредите во текот на целата 2019 година, тоа беше причината што го одложи враќањето. 26-годишниот Русин во кариерата има 26 победи (19 со нокаут) и еден пораз. Поразот беше во неговиот последен судир против Александар Усик за обединување на светските титули во полутешка категорија. Тогаш Гасиев падна со едногласна судиска одлука во финалето на Светската боксерска супер серија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО