Теа Настоска освои бронзен медал Балканското првенство во џудо во Коџаели, Турција.
Настоска медалот го освои категоријата до 40 кг.
„Репрезентативката Настоска (Сеишин) демонстрира одлично џудо и упсесите кои ги нижеше во континуитет ги круниса со балканска бронза, што е прв медал и за ЏФСМ оваа година од поголемите меѓународни настани оваа година“, вели селекторот Дејан Мицкоски, кој, воедно, е нејзин клупски тренер.
Дејан Мицкоски е задоволен од постигнатиот успех, потенцирајќи дека оваа е само почеток, со оглед на тоа дека Теа е прва година кадетка и пред неа претстојат уште многу натпревари, кампови и подготовки.
Останатите наши репрезентативци не освоија медали. Теона Настоска -44 кг (5 то место) и Георгиј Магдески -66 кг (9 то место) прикажале одлични борби и биел на чекор до борби за медал.
На првиот ден БП така настап имаа и Игнат Петров во категоријата -55 кг, кој загуби првата борба и немаше поправна репесажна борба. Додека, пак, Ива Богдановска (-52 кг) исто така загуби две борби и не се пласира понатаму.
За утре останува уште настапот на Лилјана Недановска (-63 кг). Која во првото коло се среќава со репрезнтатовката на Албанија.