Тауланд Јакупи oд Косово е освојувач на првиот Арена купот во Скопје. Тој беше прогласен за најдобар боксер на дебитанското издание на Меѓународниот бокс тиурнир „Арена куп“ за млади и јуниори во организација на БК Чаир.
Петар Арсовски е прогласен за најдобар текничар на турнирот, додека Кристијан Василев (Бугарија) – Леонард Лимај (Македонија) се најборениот борбен пар. Ружди Рустемовски е најдобар македонски боксер на турнирот, а пак Риша Нези Суеди е најдобар странски боксер, додека Енис Алиу од Македонија го доби трофејот за фер плеј боксер на турнирот.
Артур Кољи од Албанија е најдобар тренер на турнирот.
Амар Салиху од Македонија е најдобар млад боксер на турнирот.
Стефан Цубалевски – најдобар судија на турнирот.
За преспективни боксери признанието го поделија Влатко Василевски и Омер Абдули.
На Арена купот настапија боксери од Македонија, Косово, Бугарија, Шведска, Албанија, Србија и Узбекистан.
Резултати – Арена куп:
Кадети
50 кг Омер Абдулаи (МКД) – Метин Рамадани (МКД) 2-0
54 кг Адријан Рустемовски (МКД) – Кирчо Герасимов (БУГ) 0-2
66 кг Кирчо Димитров (БУГ) – Ахмет Кочи (АЛБ) 0-2
70 кг Венцислав Димитров (БУГ) – Влатко Василевски (МКД) 0-2
75 кг Матеј Чатлески (МКД) – Амар Кочи (АЛБ) 0-2
Деца
75 кг Давид Маринов (БУГ) – Амар Салиху 0-2 (прекин, Р2)
Јуниори
54 кг Петар Арсовски (МКД) – Мухамед Мирјалов (УЗБ) 2-0
57 кг Ален Рустемовски (МКД) – Бајрам Зуми (КОС) 2-0 (прекин, Р2)
60 кг Леонард Лима (МКД) – Кристијан Василев (БУГ) 2-0
60 кг Ружди Рустемовски (МКД) – Дион Конушевци (КОС) 2-0 (прекин, Р3)
63,5 кг Енис Алиу (МКД) – Планет Бериша (КОС) 2-0
67 кг Морган Диша (АЛБ) – Филип Ивановски (МКД) 0-2
71 кг Риза Неши (ШВЕ) – Јемин Алмуча (АЛБ) 0-2
86 кг Таланд Јакупи (КОС) – Усеин Ника (АЛБ) 2-0
92 кг Елвин Белезика (ШВЕ) – Диона Суља (КОС) 0-2 (предадена без борба)