Канело распали по Головкин пред соочувањето: Пред камерите е пристоен, а подоцна зборува срања

Не недостигаше тензија.

Синоќа се одржа прес-конференција по повод трилогијата меѓу Канело Алварез и Генади Головкин. Канело не го штедеше долгогодишниот ривал, а пред пресметката во неколку наврати го нападна. Сè на сè, напнатоста синоќа можеше да се сече со нож. Ова ќе биде прва борба за Канело по неодамнешниот пораз од Дмитри Бивол во напад на неговиот појас во полутешка категорија, додека Генади ја имаше последната борба пред нешто повеќе од два месеци против Риото Мурата.

„Ова е за мене лично“. започна Канело и просложи: „Не се преправам дека сум друга личност додека зборувам за медиумите и не говорам едно па пред камерите нешто сосема друго. Ова е за мене лично поради различните работи што ги кажа. И затоа едвај чекам да влезе во рингот. Тој (Головкин) е двојна личност“.

„Тој се преправа дека е пристоен тип пред камера, а всушност е серко. Во друга прилика вели срање. Но, така биди маж и застани зад твоите зборови“, жестоко го критикуваше својот ривал, по што следеше напнато соочување.

Канело и Головкин досега се сретнале во два наврати; првиот пат борбата заврши нерешено, додека вториот пат победата му припадна на Мексиканецот. Многу боксерски експерти сметаат дека Головкин бил ограбен на првиот меч, а судиската одлука од реваншот била доста дискутабилна. Во овие четири години од нивната последна борба Головкин одржа четири натпревари и на сите крена раце. Многумина сметаат дека се гледа падот во формата на сега 40-годишниот Казахстанец, а му се даваат многу помали шанси за победа од претходните натпревари.

Од друга страна, Канело беше двојно поактивен по нивната последна борба и забележа осум настапи. Тој има само 31 година и моментално е во својот „цут“, па младоста и силата овојпат дефинитивно ќе бидат на негова страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО