Шампионска пресметка на титаните Мајк Тајсон и Ленокс Луис

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон отсекогаш барал предизвици, па така е и сега кога има 55 години.

Адреналинот сè уште тече низ вените на Мајк. Неодамна претепа човек во авионот кој го навредувал, а сега сака да се врати во рингот со стариот ривал Ленокс Луис, за кој вели дека е последниот голем „вистински“ светски шампион во тешка категорија.

На реваншот со Рој Џонс, во 2020 година, Тајсон имаше добивка од 10 милиони долари, но веќе неколку години одлично заработува од бизнисот со канабис кој му носи околу 500.000 долари месечно.

„Ќе се борам со Ленокс Луис во септември“, изјави Мајк Тајсон за TMZ.

Пред 20 години, мечот помеѓу Мајк Тајсон и Ленос Луис заврши со победа на Луис со нокаут во осмата рунда. Луис во 2019 година изјави дека нема да одбие нова борба со Тајсон, но дека сака најмалку 100 милиони евра.

Роден е во Англија и ја претставуваше Канада како аматер, но важи за еден од најкомплетните боксери во тешка категорија. На крајот, Луис кариерата ја заврши во 2003 година со 41 победа, од кои 32 нокаути, а има два порази и едно реми.

Мајк Тајсон, пак, професионалната кариера ја заврши со 50 победи, од кои 44 со нокаут и 6 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО