Таткото на Мејведер најавува супер борба: Мојот би го разбил Мек Грегор

454524098
454524098

Во последниве неколку дена се актуелизира приказната за можната супер борба меѓу пензионираниот боксерски шампион, Флојд Мејведер и шампионот на УФЦ, Конор Мекгрегор, којпоради кавга со УФЦ во моментот е без борба.

Иако од шатбот на Мек Грегор веднаш пристигна демант на таквите информации, англискиот „Мирор“ пренесува изјави на таткото на Мејведер, кој вели дека има шанса.

„Сигурен сум дека Флојд повторно ќе се бори кога ќе дојде време. Ми рече дека би се согласил на борба со некој ММА борец. Не не интересира тој човек, ќе го разбиеме. Не сум го видел како изгледа, но доволен ми е еден поглед за да кажам дека мојот син ќе го претепа. Мртов е“, изјави Мејведер сениор и додаде: „Не знам кога ќе се случи тоа, но треба да се случи наскоро“.

Сепак, и покрај пишувањето на таблоидот, засега е малку веројатно дека ќе се дојде до таа борба, бидејќи Мек Грегор ги брои деновите за враќање во октагонот, за да го одработи реваншот со Нејт Дијаз, а потоа и да го брани појасот во перолесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON