Таткото на Хабиб: Син ми не се плаши од вирусот, еден ден сите ќе умреме!

Големaта пресметка меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон која е закажана за 18 април во Бруклин, а која најверојатно ќе се одржи во Дубаи, за Дагестанецот нема одложување поради пандемијата на коронавирус.

Таткото и тренер на Хабиб Нурмагомедов – Абдулманап истакна дека Хабиб се чувствува одлично и нормално се подготвува за борбара против Фергусон.

„Хабиб се чувствува одлично. Сè оди според планот. Тој не се плаши од коронавируси, сите ќе умреме еден ден. Што е со празните трибини? Мислам дека публиката е добра, но без нив тоа е уште подобро“, додаде Абдулманап.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON