Тајсон со порака до Вајлдер пред трилогијата со Фјури

Мајк Тајсон му даде пријателски совет на Деонтај Вајлдер пред реваншот со Тајсон Фјури, закажан за 18 јули во Лас Вегас, во подлогото инетрвју што го имаше за Спортсмен од кое објавивме поголем дел..

Вајлдер го загуби ВБЦ-појасот на светскиот шампион на 22-ри февруари од Британецот. Фјури буквално го претепа, а борбата беше заврши во седмата рунда.

Мајк Тајсон беше присутен на овој меч, а по сето она што го виде, реши да му даде совет на Вајлдер пред реваншот.

„Оправи се, биди со мирнa глава и потоа врати се во рингот. Мора да го сториш тоа“, рече Мајк.

Тајсон не го криеше навивањето за Фјури, а тоа беше јасно од реакциите во публиката за време на првиот натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО