Таткото на Хабиб: Јас ќе го казнам посурово од УФЦ

Таткото на шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап се изрази исклучително критично спрема постапката на нагеовиот син по победата над Конор Мек Грегор во мегадуелот на УФЦ 229.

„За Хабиб треба да има најтешка казна. Многу сум лут на чинот. За мене, пред сè, мора да има дисциплина. Во октагонот, можете да направите што сакате, но таму има цивили, има деца, жени, други луѓе“, изјави Абдулмапап за весникот „Известија“.

„Нема да го прекорувам ниту Тухунов ниту Абубакар ниту Ризван“, продолжи тој, мислејќи на тројцата луѓе од кругот на Хабиб, кои беа уапсени, затоа што учествуваа во подоцнежната тепачка со Конор Мек Грегор и луѓе од неговата екипа. „Нема да го укорам и Емирагаев, кој неколку пати го погоди Мек Грегор, бидејќи тоа се случи во октагонот, а тоаа е место за спектаткли. Сè што е надвор од октагонот мора да биде мирно – тепајте се во октагонот!

https://www.instagram.com/p/BoqtSDsCoH4/?utm_source=ig_embed

Хабиб се излече од стражар, се качи и скокна над оградата. Сепак, таа личност (Дилан Данис) ја предизвика таа ситуација, затоа што ме повреди и мене, и Хабиб, и  неговиот тим, нашата религија. Сепак, реакцијата на Хабиб ги пречекорува границите. Јас сум исто така сум одговорен, бидејќи тоа е мојот тим. Ќе го казнам Хабиб многу потешко од УФЦ“, заврши постариот Нурмагомедов.

Неговата реакција не треба да го изненади никого, зато што уште на прес-конференцијата Хабиб  срдечно си кажа дека татко му „ќе го натепа“ кога ќе се врати дома.

Не е јасно како ќе биде казнет Хабиб од УФЦ, кој засега единствено тој не го добил хонорарот (2 милиони долари) за мечот со Мек Грегор, но санкциите може да бидат од финансиски до одземање на шампионскиот појас, а, евентуално, да добие и забрана за престој во САД.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО