Таткото на Флојд не верува во Конор: Ако продолжи да боксира, некој ќе го убие!

Конор Мек Грегор е поразен во мега пресметката со Флојд Мејведер во „Т-Мобиле“ арената во Лас Вегас, но сепак екстравагантниот Ирец ги освои симпатиите на фановите и аналитичарите со оглед на тоа што се прикажа навистина добро во својот прв професионален бокс настап.

УФЦ шампион беше навистина добар во воведните рунди и дури изгледаше подобар на моменти од Мејведер, но сепак како што минуваше времето, така беше се позаморен и потклекна пред големиот бокс мајстор кој со фасцинантен рекорд од 50-0 повторно стави крај на својата кариера.

Мејведер по крајот на борбата му оддаде признание на Мек Грегор за тоа што го прикажал во неговата прва борба од ваков вид, но така не беше случајот и со неговиот татко кој му забележува на Ирецот за валканите удари кои му ги задаваше на неговиот син.

Мејведер Сениор посочи на ударите во задниот дел од главата кои се нелегални во боксот, но исто така и на дрскиот однос во рингот со постојаните провокации и довикувања.

„Се уште немав видено вакво нешто. Некој постојано да зборува и да се бори така како што се бореше. Тоа беше патетично, начинот на кој боксираше беше патетичен. Сите недозволени удари кои ги употреби и се останато, удирањето во задниот дел од главата е нешто што не е добар пример за овој спорт. Сето тоа беше лудо и патетично“, посочува таткото на непобедливиот Флојд.

Ниту малку не е оптимист за шансите на Мек Грегор доколку продолжи да се занимава со бокс, посебно на ова ниво, односно против најдобрите боксери во светот.

„Кратко, доколку продолжи да се знимава со бокс и ако се бори на овој начин, некој ќе го убие“, констатираше постариот Мејведер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON