Таткото на Фјури за Усик: Преценет боксер кој е гладен за пари

Џон Фјури, таткото на британскиот боксер Тајсон Фјури, проговори за Украинецот Aлександaр Усик.

Во последните 5 месеци постојано се зборуваше за борба меѓу нив. Ова е исклучително интересна борба бидејќи двајцата ги држат титулите во тешка категорија. Борбата меѓу нив ќе донесе неприкосновен шампион, нешто што не се случило повеќе од 20 години во тешка категорија.

„Ромскиот крал“ ја држи титулата во ВБЦ, а Украинецот е шампион на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО. За жал, преговорите пропаднаа и сега тие ќе се борат со различни противници. Двајцата се уште се очекува да се борат, но на крајот на годината.

Џон верува дека Усик е преценет боксер кој е гладен за пари.

„Усик е преценет боксер во тешка категорија. Тајсон му понуди огромни пари за борбата на Вембли. Се вели дека Усик е најголемиот тест за Тајсон во неговата кариера. Што се случи?

Александар беше заведен со саудиски пари и целата вина беше фрлена на нас. Тој ги избра саудиските пари. Нив ги води само жедта за профит“, рече Фјури за Бокс сошал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО