Таткото на Фјури разочаран од тоа што го покажа Нгану на тренинг: Тајсон ќе го распарчи

Откако на интернет се рашири снимката од боксерскиот тренинг на Нгану, таткото на шампионот на ВБЦ Тајсон Фјури не е импресиониран од техниката што ја покажа поранешниот УФЦ борец.

Имено, Френсис Нгану ќе дебитира во боксерски меч против Тајсон Фјури на 28 октомври во Саудиска Арабија. Борбата е договорена во десет рунди.

Камерунецот неодамна имаше отворен тренинг за медиумите во Лас Вегас, каде совети му ги даде легендарниот Мајк Тајсон.

Многумина забележаа дека Нгану има слаба техника и уште поважно, сè правеше полека.

Видеото од тренингот го разочара Џон Фјури, кој мисли дека синот Тајсон ќе го „распарчи“.

„Ги видов Френсис Нгану и Мајк Тајсон, тој таканаречен тренер, имаа отворен тренинг“, изјави Џон Фјури во објава на Инстаграм, а потоа продолжи:

„Се надевам дека глуми обичен боксер. Сакам да верувам дека е шега, бидејќи ако не е, молитвите нема да му помогнат. Нема шанси, нема да ја преживее првата рунда“.

До мечот има помалку од еден месец и тешко дека Нгану може да ја подобри својата боксерска техника. Таткото на Фјури верува во брза победа.

„Тоа веројатно ќе биде најбрзиот нокаут на Тајсон. Но, знаете што? Не смеете така да ги залажувате луѓето. Кога организираш јавен тренинг, треба да се потрудиш“, рече Џон Фјури и заврши:

„На вакви тренинзи треба да покажеш што знаеш, бидејќи ако е тоа се, Господ нека му е на помош. Срамота е. Тајсон ќе го скрши на парчиња“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON