Мајк Тајсон: Ако Нгану го победи Фјури, тоа ќе биде најголемото разочарување во историјата

Легендата Мајк Тајсон зборува за борбата меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану.

Двајцата ќе се соочат еден против друг, а Железниот Мајк помага во подготовката на поранешниот шампион на УФЦ, кому ова ќе му биде прв настап во боксерскиот ринг.

„Доколку Нгану го победи Фјури, тоа ќе биде најголемиот разочарување во историјата. Френсис станува се подобар секој ден и јас сум горд на него што го прифати овој предизвик.

Тој ќе се бори со Тајсон Фјури, можеби најдобриот боксер на сите времиња. Со нетрпение ја очекувам оваа борба“, изјави поранешниот светски шампион во бокс Мајк Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО