Таткото на Фјури му удри глава на член од тимот на Усик, падна и крв во Ријад (ВИДЕО)

Тајсон Фјури и Александер Усик ќе ги вкрстат ракавиците во сабота во Саудиска Арабија во најавениот боксерски блокбастер, но истиот сега доби и тензична и непосакуваната најава.

Во подготовката за борбата во Ријад, двата тима веќе се во овој град и се подготвуваат за стандардните мерења и соочувањето пред борбата, а после денешната случка, се очекува битката да биде уште пожестока.

Таткото на Тајсон, Џон Фјури предизвикал скандал и му удрил глава на едно лице кое било дел од тимот на Усик, па обезбедувањето морало да реагира за да не ескалица ситуацијата.

На споделеното видео, добро се гледа дека таткото на Фјури одговара со агресија кон една глава пониското момче кое минуваше крај него и го извикуваше името на Усик, па од силината на ударот, заработил и расекотина на челото.

Ова видео брзо стана топ тема во јавноста која е задолжена за пренесување на вестите од боречките спортови, па најголем дел од фановите го критикуваат Фјури Сениор кој изреагира навистина недолично во дадената ситуација.

https://twitter.com/HappyPunch/status/1790018043973701844?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1790018043973701844%7Ctwgr%5Ec47cb6f18529ad6fb829cce35f429f9fcde8d88c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Ftenzija-pred-bokserskiot-blokbaster-tatkoto-na-fjuri-mu-udri-glava-na-chlen-od-timot-na-usik-padna-i-krv-vo-rijad-video%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО