Татко му на Хабиб: Треба да му веруваме на Семоќниот

Абдулманап Нурмагомедов исто така е незадоволен од критиките што Хабиб Нурмагомедов ги доби на своја адреса. Основата на овие критики е дека Хабиб се вратил во Русија, а потоа одбил да лета во САД за да се бори против Тони Фергусон. „Орелот“ беше подготвен да се бори, но го критикуваше УФЦ за тоа што не му кажа каде ќе се случи борбата.

Така, најочекуваната борба во историјата на организацијата неуспеа и по 5-ти пат и не е извсно дали ќе ја видиме некогаш. Таткото на Хабиб вели дека сè не се случува онака како што сакаме. Тие ќе веруваат во Бог и ќе продолжат да работат, а само времето ќе каже што ќе се случи. Абдулманап објави видео од орел на социјалните медиуми.

„Не се случува сè како што сакаме. Верувам дека најдоброто нешто ќе биде да му верувате на Семоќниот!“, напиша Абдулманап.

https://www.instagram.com/p/B-31D5kJv3e/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО