Таткото му на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, се избори со коронавирусот. Добрата вест ја објави тренерот на Хабиб, Хавиер Мендес. Сепак, Нурмагомедов се уште е во болница поради компликации поради операцијата на срцето.
„Пред три дена, Хабиб ми испрати порака дека состојбата на татко му се подобрува. Потоа, контактиравме со заеднички познаник, кој рече дека Абдулманап веќе не е болен од коронавирус, но има компликации по операцијата на срцето”, изјави Мендес за ТАСС. .
Претходно оваа година, таткото на Хабиб се тестираше и беше позитивен на Ковид-19 и доживеа срцев удар, па беше ставен на вештачка кома.