Татко му на Хабиб: Никој не може да му помогне на Мек Грегор за борењето до УФЦ 229 (ВИДЕО)

Остануваат 8 недели до борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор за титулата во лесна категорија. Две години се разговараше за оваа битка, а сега таа е факт и се очекува да биде најголема во историјата на УФЦ.

И додека познати шампиони во борење се поврзувани со подготовките на Конор Мек Грегор, таткото на Хабиб, Абдулманап смета дека никој не може да му помогне на Конор Мек Грегор да го усоврши борењето навреме за УФЦ 229.

„Мислам дека Конор сфаќа дека не е вистински шампион во лесна категорија. Тој се бореше со двајца борци во лесна категорија и еден од нив задуши.

Кога ја освои титулата, имаше најмалку шест борци во лесна кои беа посилни од него. Има борци кои заслужуваат поголема шанса од него, а еден од нив е Пориер, кој постојано врши притисок и се обидува да го нокаутира својот противник.

Конор знае дека во битката против Хабиб ќе заработи многу повеќе пари од која било друга УФЦ- битка. Исто така знае дека 5-те рунди со Хабиб ќе му бидат кошмар.

Неговата шанса е да зададе среќен удар, но Хабиб претходно не бил нокаутиран. Дури и не биу здрман и има здрава брада за лесна, па дури и за полутешка категорија.

Психолошки и физички Хабиб е посилен од него и има подобро кардио. Има подобра борба и граплинг и може да го задави во секое време.

Се разбира, Конор Мек Грегор има силен лев удар и десен аперкат, но освен тоа – што друго има?

Дури и да му помагаат најдобрите тренери во борење во Дагестан, Јапонија, САД и Турција – нема да го подготват за 2 месеци.

Конор е опасен во првите 8 минути, но по првиот клинч Хабиб ќе го собори. Можеме да ја завршиме борбата во секое време, но ќе ги почитуваме навивачите и ќе им дадеме борба во 5 рунди.

Никогаш не изгубивме рунда и не сакаме да загубиме. По втората рунда Мек Грегор нема што да покаже и само судијата може да го спаси и затоа е во кафезот“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО