49-годишниот Антонио Мекки ќе се бори во иста вечер со неговиот 24-годишен син А.Ј. Мекки.
Ова ретко се случува кај ММА, но претседателот на Белатор потврди дека ќе се натпреваруваат на Белатор 228 во септември. Антонио не се натпреварувал 5 години и има скор 29-6-2 во ММА во организации како УФЦ, ВСОФ, ИФЛ, МФЦ и КОТЦ. Во својата последна борба тој го порази Гаџи Заипулаев со поделена одлука.
Оваа битка ќе биде деби за него во Белатор, а името на неговиот противник се уште е непознато. Неговиот син А.Ј. (14-0 MMA, 14-0 ВMMA) ќе се бори против Георги Карахнјан во перо категорија на Белатор. Во минатото, гледавме татко и син како се борат во иста вечер, а такви примери се: Кен и Рајан Шамрок (Кејџ рејџ 25), Френки и Коди Болингер (Гладијатор челинч), Ли и Џордан Мајн (Рабле и д кејџ).