Тасески и Шапуриќ од Максам фајт победија на ММА турнирот во Белград

taseski-i-sapurik-vo-belgrad

Борците на Максам Фајт имаа добар настап на ММА турнирот „Теогенс изазов 5“во Белград, Србија, забележаа две победи е еден пораз.  

borec-na-maksam-fajt
Христијан Тасески

„Нашите борци имаа одличен настап. Имаме две победи и едн пораз. Христијан Тасески -67 кг имаше одличен настап и извојува победа во првата рунда со гушење-гилотина. Виктор Нестороски -73 кг исто така се избори добро, но поради незгоден удар во пределот на окото ,борбата беше прекината од наша страна од ,превентивни причини, да не настане поголема повреда. Давид Шапуриќ -93 кг имаше одличен настап и извојува победа на поени. Иако првичната одлука на судиите беше дека борбата е нерешена, по прегледувањето на снимката одлуката беше променета и победата му беше доделена на нашиот борец, поради повеќе поени во борбата. Ова е прва борба за 16 годишниот тешкаш Шапуриќ, чиј противник беше повозрасен и поискусен“, вели тренерот Пеце Ангелески.

Тој посочува дека турнирот бил добро организиран во пријателска атмосфера.Оствариле нови контакти и пријателства и се договорени следни активности.

„Добивме и покани за следни натпревари во Србија. Останува да продолжиме да работиме и да тренираме .Благодарност до организаторот на овој турнир Теогенес Фајт ММА Тим за поканата и гостопримството“, истакна популарниот Пеце Максам.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО