Тархан Демиров: Очекувам трофејот да остане во рацете на БК Фамилија Демирови

Боксерскиот клуб Фамилија Демирови со крупни чекори граби кон втората последователна титула во Младинската бокс лига откако викендов во Куманово во рамките на 5. коло на Првата и Младинската лига на Македонија освоија 12 бодови и се зацврстија на врвот на табелата со 61 бод. Второпласираниот Пелистерски јунак заостанува со 9 бода (52), додека Пинк пантер е на третото место со 29.

Тренерот Тархан Демиров се осврна на 5. коло, но и на она што следи во последното 6. коло во Штип.

„Во Куманово настапивме со 6 боксери кои беа доминантни во рингот. Туран Демиров го покажа што знае. Тој е најуспешниот боксер на БК Фамилија Демирови и никој не може да го елиминира во неговата категорија. Тој е талент кој нема пораз во Македонија, па и пошироко. Во Куманово го победи Арабел Рустемовски од Пелистерски јунак 1-2. А Талип Агушев е најстариот боксер на Фамилија Демирови. Бирџан Еминов направи извонреден меч со Александар Панов од БК Пинк пантер, завршувајќи ја својата задача во првата рунда. И останатите боксери се познати ѕвезди: Сонер Ајрушев, Фејзи Демиров, Саин Реџеповски. Тие шест боксери докажаа дека се идните шампиони на Македонија. Како тренер вложив многу труд за да направиме шампиони“, вели тренерот Тархан Демиров и нагласува:

„Туран Демиров има многу желба да донесе европски медал. Сепак, јас имам визија за Туран Демиров.

Тархан вели дека 30 ноември во Штип ќе се одржи 6. коло на Првата и Младинската лига кое ќе биде завршно.

„Пред домашната публика очекувам трофејот да остане во рацете на штипјани. Со среќа на сите љубители на боксот и респект за сите натпреврувачи и тренери“, истакнува Тархан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО