Тапа пијан БЈ Пен се степа со обезбедување на стриптиз бар (ВИДЕО)

Легендарниот поранешен шампион на УФЦ во две категории, БЈ Пен беше дел од немила сцена пред неколку дена во Хонолулу.

ТМЗ објави видео кое покажува како легендарниот борец соборил стражар на стриптиз бар на земјата. Според очевидци, „Продиџи“ бил доста пијан, а тоа било причина присилно да го исфрлат од барот. Очигледно не бил задовопен од исфрлањето па му се нафрлил на обезбедувањето.

На кадрите може да се види како друг човек интервенира за да ги раздвои, но потоа си ја променува одлуката и упатува неколку удари во главата на борецот, но дури и тоа не го запира. Видеото е кратко и не покажува што се случува понатаму, но, според очевидци, дошла полицајци, а Пен веднаш избегал.

Легендата е рекордер по најдолгата серија на порази во УФЦ, седум по ред. Тој не победил 9 години, а Дана Вајт изјави дека повеќе нема да му дадва шанси во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО