Талевски го шокираше Трушчек, Дардов славеше за 4 секунди, а Стефаноски за 57!

Borce Talevski Zagreb 21 januari 2017

Синоќа најголемото изненадување на Муња фајтинг чемпионшип во Загреб го направи битолчанецот Борче Талевски кој во ко-главната борба го совлада фаворизираниот Хрват Ивица Трушчек –Терор.

Borce Talevski so znameto Zagreb

За Трушчек ова беше шести последователен неуспех, кој загуби со одлука на судииите со 2-0. Хрватските медиуми нагласуваат дека „ова на Македонцот му била само втора борба кариерата“, а неговиот противник веќе по две минути од борбата останал без снага. Талевски прво се обиде со давење од позади, а Трушчек се сврте и се обиде да направи граунд енд паунд. Талевски напаѓа со хил хук, Теророт се извлекува, а потоа Талевски го погаѓа со левиот директ. До крајот на првата рунда Талевски уште еднаш се обиде со странично давење. Во втората рунда со  удари го урива немоќниот Трушчек, доаѓа во маунт позиција и го опсипува со удари, па во последните секунди напаѓа и со лост на раката.

Матеј Трухан во главната борба на вечерта славеше во тешко извојувана победа против 19-годишниот Словак Роналд Парадисер.

Borce Talevski i Dardov borba vo Zagreb

И вториот битолчанец беше феноменален, Блажо Дардов, за 4 секунди го нокaутираше Плеурат Смајли. Борците на стартот влегоа со размена на удари од кои хрватскиот борец заврши во нокаут.

Зоран Џоџ со технички нокаут во првата рунда го совлада нашиот Мирза Сендиќ, додека Матијас Блажичевиќ одигра на сигурно и со одлука на судиите го победи Филип Божиновски.

Сигурна и ефикасна победа извојува и Дејан Стефаноски против Синиша Дамјановиќ за 53 секунди.

Муња ФЦ 1:

Станислав Крофак – Немања Радуловиќ (ТКО, Р1)

Ивица Јакопиќ – Даниел Аранѓеловиќ (ТКО, со тапкање на уадри, Р1)

Блажо Дардов – Плеуреат Смајли (КО, Р1)

Тиго Гилјевиќ – Аце Арсов (сабмишн, триаголник давење, Р1)

Матија Блажиќевиќ – Филип Божиновски (со одлука на судиите)

Андреа Колиќ – Kолe Арсeнов (сабмишн, триаголник давење, Р1)

Филип Гаќеша – Мите Ташев (сабмишн, американа, Р1)

Дејан Стефаноски – Синиша Дамјановиќ (ТКО, тапакање на удари, Р1)

Зоран Џоџ – Мирза Сендиќ (ТКО, Р1)

Иван Ерслан – Мухамед Седин (ТКО, Р1)

Борче Талевски – Ивица Трушчек (со одлука на судиите)

Матеј Трухан – Роналд Парадисер (со одлука на судиите)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО