Талентираната Андреа Нисева заминува во Бугарија, може ќе настапува и за бугарската репрезентација

„Од денес Андреа Нисева е на еднонеделни подготовки во Бугарија кај тренерот Димитар Кумчев, кој воедно е и сопственик на клубот“, соопштија од БК Олимпија.

Отприлика за еден месец треба да настапи на Државното првенство на Бугарија за деца до 15 години.

„БК Олимпија се одлучи на ваков чекор бидејќи нашата федерација работи самата против себе и дозволува талентите да заминуваат и настапуваат надвор од Македонија, за други клубови, а потоа и за други држави. Тоа значи, доколку Андреа го освои шампионатот во својата категорија и биде поканета во репрезентацијата на Бугарија, бидејки во Македонија не и е дозволено да настапува од причини познати само на водечките во федерацијата. Олимпија и во иднина и на другите свои борачи ќе и овозможува да настапуваат за клубови надвор од државата, каде што сме ценети, почитувани и познати по професионалниот однос, како и по успешните резултати. Се додека федерацијата работи против Олимпија од причини познати само на нив ќе дејствуваме на овој начин“, велат од Олимпија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON