Талентиран британски борец убиен на прославата на својот 30-ти роденден

Британскиот борец Џарo Шепард трагично почина на прослава на својот роденден.

Jаро Шепард беше талентиран британски борец во тешка категорија и шампион во три различни организации и се очекуваше многу од него. Но, неговиот живот нагло запре во вечерните часови во саботата, кога беше брутално убиен за време на прославата на неговиот роденден. Според британските медиуми, Шепард го славел својот 30-ти роденден со скара со пријателите и семејството во дворот, во лондонскиот округ Кенсингтон, кога дошло непознато лице и го прободело со нож. Веднаш била повикана брза помош, но не биле во можност да му помогнат на борецот кој починал.

Скотланд Јард почна истрага, но засега нема апсења или осомничени лица. Сведоците велат дека сето тоа се случило ненадејно и не можат да претпостават зошто некој би го убил Шепард. Го наведуваат како спортист целосно посветен на тренинзите, кој со надевал дека набрзо ќе договори нова борба во која победата ќе го доближи до исполнување на неговите амбиции.

Шепард беше професионалец три години и досега има забележано шест победи и два порази. Но, во моментов беше во одлична форма, за време на која славеше во последните пет борби, освојувајќи ги титулите ЦЕА, УЦММА и Фужн ММА. Прва победа ја забележа во 2018 година во Белатор, но потоа не беше повикуван во втората најголема промоција во светот. По завршувањето на „заклучувањето“, требаше да ја продолжи кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО