Лаловиќ фаворит за втор мандат во светското борење

Вкупно 15 кандидатури се поденсени до Бирото на Обединетото светско борење (UWW/ ОСБ).

Актуелниот претседател Ненад Лаловиќ (Србија) ќе се кандидира за втор мандат од шест години. Според новата регулатива, едно лице може да биде на функцијата најмногу два мандати. Србинот ја предводеше организацијата од 2014 година. Неговата кандидатура е единствена и се очекува да биде едногласно реизбран.

Претседателот автоматски влегува во Бирото на ОСБ, така што останатите кандидати ќе се борат се шестте места во ова тело .

Форумот е закажан за септември во пресрет на Светското јуниорско првенство во Белград. Поради пандемијата на коронавирус, ОСБ ќе донесе одлука во август како да помине конгресот. Тогаш ќе биде одобрен и календарот до крајот на 2020 година.

Позицијата на потпретседателот Цено Ценов, кој почина минатиот месец, исто така е испразнета.

Од сегашните членови на Бирото на ОСБ, петмина се кандидираат за нов мандат – Микеил Мамиашвили (Русија), Марина Ди Бусоло Пеликоне (Италија), Ахролѓан Ружиев (Узбекистан), Педро Гама Фило (Бразил) и Фуат Мескут (Мароко).

А меѓу новите се Дина Харенко (Украина), Хамид Соријан (Иран), Лусио Канева (Италија), Едишер Мачаидзе (Грузија), Дон Рајан (Канада), Даниел Игали (Нигерија), Џони Замбрано (Еквадор), Марко Корпела (Финска) ) и Јан Карснак (Словачка).

Цено Ценов беше и претседател на Европскиот комитет за борење. До изборот на нов, Бирото го назчачи Теодорос Хамакос (Грција) да ја извршува оваа функција. Генералното собрание е следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО