Двајца претешки на мерењето за утрешниот УФЦ настан, една борба откажана (ВИДЕО)

За утрешниот УФЦ на ЕСПН 13 настан се одржа официјалното мерење.

Калвин Катар и Ден Иге ќе го предводат утрешниот УФЦ на ЕСПН 13, воедно втор настан на УФЦ на „Борбениот остров“, во нивната исклучително важна борба во перолесна категорија. Двајцата беа точни ма денешното мерење, каде Катар го искористи дозволениот пречекорување од половина килограм. Немаше проблеми со учесниците во втората главна борба, Рајан Беноат и Тим Елиот,  но еден учесник во главната програма сепак дојде потежок од дозволеното. Тоа е повратникот Абдул Разак Алхасан, кој тежеше скоро два килограми повеќе над границата за велтер категорија.

Еден борец од воведната програма исто така беше претежок. Тоа е Крис Фишголд, кој исто така ја надмина границата за перолесна за речиси два килограми. Нивните борби сепак остануваат на програмата, само 30 проценти од нивнитенонорари ќе преостапат на другите противници.

Една борба утре нема да се одржи и тоа онаа што требаше да биде прва на распоредот. Норвешкиот полутешкаш Кенет Берг го откажа настапот заради здравствени проблеми. Се претпоставува дека тие се однесуваат на губење на тежината. Берг ја прифати борбата пред само една недела. Неговиот противник Хорхе Гонзалез ќе јго добие целиот договорен хонорар.

УФЦ на ЕСПН 13 – Резултати од мерењето
Калвин Катар (146) – Дан Иџе (145)
Рајан Беноит (126) – Тим Елиот (125)
Џими Ривера (145) – Коди Стаман (145)
Моли Мекан (125) – Таила Сантос (125)
Абдул Разак Алхасан (174 *) – Мунир Лазез (171)

Џон Филипс (186) – Хамзат Цимаев (186)
Лерон Марфи (146) – Рикардо Рамос (145)
Модестас Букаускас (205) – Андреас Михаилидис (206)
Крис Фишголд (149 *) – Џаред Гордон (145)
Дијана Белбита (125) – Лијана Јојуа (126)
Арон Филипс (135) – Ек Шор (136)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО