Вајт: Немаме пречки да ја организираме средбата Адесања-Коста

Шампионот на УФЦ во средна категорија, Израел Адесања, се очекува да ја брани титулата против Пауло Коста нешто подоцна годинава, иако претседателот на УФЦ, Дана Вајт не брза со организацијата на таа средба.

И, иако организацијата не трошеше време да ги објави борбите меѓу Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер, како и помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи, се чини дека мечмејкерите се доста зафатени со „Боребниот остров“ и не се грижат за ситуацијата во средна категорија.

„Ништо не не запира“, рече Вајт и додаде: „Сè уште не сме готови со тоа. Нема што да нè спречи. Фокусирани сме на борбениот остров и сега не размислувам за ништо друго. Имаме закажани натпревари до октомври. Нашата програма веќе е завршена, така што сме далеку напред со работите. Кога ќе дојде време, ќе ја објавиме оваа битка “.

Адесања последен пат се бореше во март со Јоел Ромеро, така што има време до неговата следна одбрана.

Имаше и гласини за враќање на реалното шоу The Ultimate Fighter, во кое тренери ќе бидат Адесања и Коста, но, засега, ова останува непотврдено.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО