Кога во боксот сака да се омаловажи нечиј успех се вели дека победувал само таксисти.
Еден таков, таксист, во главната борба на Премиер бокс шампионатот во Анхајм, Калифорнија, го порази поранешниот светски шампион во две тежински категории.
Емануел Давид Перлата – Ел Пирата (01-02-26, 14 КО) го шокираше Роберт Гереро (01-05-33, 18 КО) славејќи со поделена одлука на судиите – 116-112, 115-113, 113-115.
33-годишниот Аргентинец беше доведен на Гереро со една цел, да биде еден чекор до нова борба за светски шампион појас.
„Не мислев дека сум подготвен да се борам на ова ниво, но очигледно дека покажав дека сум“, рече Пералта, кој само пред два месеци размислувал за повлекување.
„Возев такси во Аргентина кога добив шанса да се борам во САД и на крајот излегов како победник. Да, сега сакам поголеми имиња, не постои начин сега да се пензионирам. Ќе биде подготвен повторно да се борам наскоро. Ова не беше шега и покажав дека можам да победам многу големи борци“.
Од друга страна, Гереро не се помирува со поразот.
„Мислев дека чисто победив. Лудост е еден судијата да каже дека изгубил осум рунди. Перлата беше многу незгоден, но мислам дека јас победив. Кога боксирав ги одбовав рундите. Ова е разочарување, но ќе се вратам, сметајте на тоа“, рече „Духот“.
https://youtu.be/KoBCXUnbDs0