Биспинг: Да не бев јас, Мек Грегор ќе работеше за минималец!

Majkl Bisping pred plakat ufc 204

Мајкл Биспинг и Конор Мек Грегор се најголемите ММА ѕвезди на Велика Британија и на Ирска, а двајцата се актуелни УФЦ шампион и многу остри на јазикот што често ги доведува до насловните страници.

Биспинг, кој веќе со години е ветеран, тврди дека Мек Грегор токму на него да му се заблагодари за денешната глобална популарност и баснословната заработувачка. На Биспинг не му се допаднаа коментарите на неговото валакано зборување, по што излегува дека тој за овие изведби е инспирирани од Мек Грегор кој во УФЦ дебитираше кога Биспинг веќе имаше 18 борби зад него.

„Зошто Мек Грегор мене би ме мотивирал? Јас го мотивирав“, рече Биспинг за англиското Метро.

„Кога Конор учеше да стои и да ги фрла првите удари, јас растурав во УФЦ. Во ова сум многу подолго, така што јас го мотивирам и инспирам Мек Грегор. Да не бев јас, тој не би постоел. Уште ќе работеше за минимална плата на пристаништето во Даблин“, изјави шампионот во средна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО