Таткото на Хабиб открива зошто неговиот син го почнал хаосот против Мек Грегор

Таткото на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов, откри што го излудело неговиот син во моментите непосредно по големиот триумф над Мек Грегор на УФЦ 229 откако го победи Конор Мек Грегор. Нурмагомедов е во исчекување на казната што ќе му биде изречена за инцидентот по завршувањето на борбата со Мек Грегор.

„Цело време имаше конфликти, но забележавме член на тимот на Мек Грегор како не следи секаде и фотографира. Со кого сме, што правиме, какво вино пие Хабиб, секако дека бевме нервозни поради тоа. Јас му забранив да влезе во конфликт со когобило, затоа штто требаше да се фокусира само на борбата и на Конор. Кога борбата завршуваше и тој погледна кон аголот на противникот, таму беше истиот човек што почна гласно со пцовки да го навредува. Мојот син во тие моменти ја загуби контролата и тргна да се пресметува со останатите, бранејќи се себе, своето семејство, земјата и религијата“, изјави таткото на Хабиб.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО