„Не чепкај го лавот додека спие“ – е стара поговорка за која, очигледно, еден американски бокс-фан никогаш не слушнал. Тоа е причината поради која вчера во Лас Вегас, речиси, ќе загинеше кога одлучи да го прегрне легендарниот Мајк Тајсон, кој беше сведок на официјалното мерење за мечот меѓу Пакијао и Мјеведер.
„Железниот Мајк“ мирно седеше во публиката, кога од зад грб еден навивач се обиде да го прегрне. Тајсон прво нежно, а потоа и малку посилно го потчукна со лактот и го оттурна далеку.
Впечаток е дека „момчето“ и солидно помина, познавајќи го темпераментната нарав на Тајсон Лекцијата е јасна; не малтретирај боксерска легенда додека ужива и сведочи за историјата.
https://youtu.be/qGlw1daKOVI