Тајсон смета дека Вајлдер може да го шокира Фјури

Поранешниот шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон има неколку совети за Дионтеј Вајлдер за тоа како да го надмине Тајсон Фјури во нивниот трет меч.

Минатиот месец Фјури два пати го собори Вајлдер и го запре во седмиот круг. Првата средба заврши нерешено.

Трилогијата е закажана за 3 октомври. Борбата требаше да се одржи на 18 јули, но беше одложено поради пандемијата на коронавирус.

Вајлдер ќе биде аутсајдер во претстојната битка, но Мајк Тајсон смета дека има шанси да победи.

„Види, Вајлдер не беше истиот како во првата борба. Во првата битка се бореше со чувство на победник. Во втората борба се чинеше дека нема никаква живост во него. Тој не беше истиот боксер по првата борба“.

Според многумина, во третата битка повторно ќе видиме доминација на Фјури, но Тајсон не е сигурен за тоа. Тој смета дека Вајлдер има шанса да ја преземе титулата, ако реши навистина да се бори кога ќе дојде во рингот.

„Не очекувам дека Фјури ќе го прегази, секогаш има шанса. Секој има шанса. Само зависи колку би дале од себе во тоа. Ако Вајлдер сака да си го даде животот и да победи во оваа борба, сè може да се случи. Вајлдер сè уште може да зарботи многу пари. Не треба да се чувствува тажен или обесхрабрен. Тој треба повторно да излезе да се бори со чувство и самодоверба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО