За сите вас кои можеби досега не дознавте, ќе повториме дека во март годинава треба да бидеме сведоци на бокс меч меѓу два хип-хоп ѕвезди кои се нивното „војување“ од Твитер одлучија да го преселат во рингот.
Главните протагонисти на оваа приказна се хип-хоп и R & B пејачот Крис Браун и раперот Соул Бој, а дополнително е објавено дека на нив ќе и се приклучат две боксерски легенди. Браун за мечот во три рунди треба да го подготвува Мајк Тајсон, додека Соул Бој треба да ги апсорбира вештините на Флојд Мејведер.
Точниот датум и место на оваа битка се уште не се познати, но се претпоставува дека би можел да се случи во Дубаи.
Додека се чекаат конкретни информации, загревањето на атмосферата веќе почна, а на истото се приклучи и поранешниот шампион во тешка категорија кој одлучи дополнително да го потпали огнот пред овој меч. Всушност, Тајсон со своите фанови и подедли дел од песната со која испраќа предупредување на противникот својот иден ученик.
https://www.instagram.com/p/BPD7R1shoZE/?taken-by=miketyson