Долго очекуваниот повретнички меч меѓу легендарните боксери Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд, сепак ќе биде одржан. Оваа вест ја потврди челичниот Мајк, со цел да ги прекине шпекулациите дека борба нема да има и дека преговорите пропаднале.
Тоа ќе биде трета борба меѓу овие две боксерски икони. Холифилд победи во нивната прва борба во 1996 година, а година дена подоцна се случи еден од најпознатите моменти во спортот. Тајсон во реваншот, во еден момент му го одгриза увото на Холифилд и беше дисквалификуван.
Сепак, двајцата добро заработија од боксот, особено од нивните две борби. Тајсон моментно има 54 – години, а Холифилд 58, но љубителите на боксот силно посакуваат уште еднаш да ги видат во рингот.
Разговорите меѓу двата тима за повеќемилионска борба на стадионот „Хард Рок“ во мај годинава беа закочени, а пред неколку дена тимот на Холифилд, објави дека најверојатно нема да има борба, бидејќи Тајсон не бил заинтересиран.
Но, дојде до пресврт, бидејќи Тајсон на својот профил на друштевната мрежа Инстаграм, потврди дека ќе се бори во Мајами со Холифилд на 29 мај годинава.
„Само сакам сите да знаат дека борбата меѓу мене и Холифилд се уште трае. Тој е скромен човек. Тој е Божји човек, но и јас сум Божји човек. Слушајте, јас ќе победам на 29 мај“, порача Тајсон.