Рекорден број на млади боксери на Светското првенство во Киелце

По крајниот рок за пријавување на Јуниорското светско првенства во бокс за мажи и жени на АИБА, импресивен број од 66 нации ќе учествуваат на настанот. Бројот на пријавени жени боксерки со исклучок на резервите е 160, додека 327 боксери треба да учествуваат на СП. Вкупниот број на пријавени боксери е 487, што е повисоко отколку на претходниот јуниорски светски шампионат во бокс во 2018 година.

Макеоднија ќе ја преставува тешкашот Ардијан Аземи кој на силниот Меѓународен турнир „Емил Жечев“ го освои сребрениот медал кој на друго место би бил златен.

Првиот шампионат на АИБА годинава треба да се одржи во Киелце, Полска, 10-24 април. Боксери кои се родени во 2002 и во 2003 година имаат право да се натпреваруваат на Светското првенство во бокс за млади на АИБА кое е одложено од ноември 2020 година поради пандемијата на Ковид-19.

Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Израел, Италија, Латвија, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија, Русија, Шкотска, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Турција и Украина ќе учествуваат на младинскиот светски шампионат во бокс на АИБА од април во Европа.

Авганистан, Бахреин, Бангладеш, Индија, Иран, Јапонија, Јордан, Казахстан, Киргистан, Монголија, Непал, Таџикистан, Тајланд, Обединети Арапски Емирати и Узбекистан го потврдија учеството од силниот азиски континент на претстојното СП.

Аргентина, Бразил, Колумбија, Куба, Еквадор, Гвајана, Мексико, Никарагва, Света Луција, Тринидад и Тобаго и Венецуела ќе бидат нации од Американската конфедерација. Централноафриканската Република, ДР Конго, Гамбија, Мароко, Сиера Леоне и Свазиленд се пријавија да присуствуваат од африканскиот континент.

Регистрираните земји ги вклучуваат и Бахреин, Бангладеш, Централна Африка Република, ДР Конго, Исланд, Света Луција, Сиера Леоне и Есватини (поранешен Свазиленд) кои никогаш не се натпреварувале на ниту едно од претходните младински светски шампионати во АИБА.

„Раководството на АИБА, ЛОК и сите учесници со нетрпение го чекаат Шампионатот, што ќе се одржи наскоро во Полска. Без сомнение дека настанот ќе се спроведе на највисоко ниво во согласност со сите безбедносни мерки. На повеќето наши спортисти им е потребна можност да настапат на меѓународно ниво за да ги испробаат своите вештини. Многу активни боксерски sвезди го започнаа својот пат од Светските шампионати на млади, па затоа не можеме да ја потцениме важноста на истата за младата генерација на боксери“, тврди претседателот на АИБА, Кремлев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО