Тајсон не исклучува средба со Џошуа или Фјури

 Боксерската икона Мајк Тајсон смета дека е целосно можно да се соочи со една од двете големи ѕвезди во тешка категорија во моментов, Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

54-годишната легенда на крајот на месецот ќе се бори против друга култна фигура од блиското минато – Рој Џонс Јуниор, а потоа би се обидел против „младите момчиња“. За време на неговите подготовки за егзибицискиот меч, „Железниот Мајк“ откри дека за него би било исклучително интересно да се обиде против Еј Џеј или „Кралот на Ромите“.

„Човеку, тоа ќе биде одлична приказна. Јас, со моите вештини, да се соочам со најдобриот тешкаш во светот денес, ќе биде неверојатно“, рече Тајсон.

„Диносаурусот“ е категоричен дека возраста нема никаква врска со вештините и дека сепак е способен да биде „најлошиот човек на планетата“.

„Стари момчиња, тој збор дури нема смисла. Стар? Тоа е само ново време, нов период во нашите животи за кој размислуваме. Тоа е она што го сакаме. Понекогаш боговите на војната ве оживуваат и ви кажуваат: „Треба да направиш повеќе“. Не би го направил тоа ако не се подготвев. Боксирам со луѓе за да видам дали сè уште можам да се справам со тоа. Моите вештини се на доволно високо ниво. Доволно добро за 8 рунди. Вложувам огромен напор, ќе биде многу интересно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON