Тајсон не го признава Мејведер за најдобар боксер

Легендата на боксот во тешка категорија Мајк Тајсон смета дека Флојд Мејведер не е најдобриот боксер во историјата.

Тоа беше темата на неговиот последен подкаст. За Тајсон, најважна е статистиката на боксерот. Иако Мејведер има перфектни 50-0, таа не го импресионира ветеранот, кој посочува на sвездите како Шугар Реј Робинсон (173-19-6) и Хулио Цезар Чавез (107-6-2).

„Флојд е одличен боксер, не сфаќај ме погрешно, но има само 50 борби“, рече Тајсон.

„Шугар Реј Робинсон имаше 47 борби, загуби една, а потоа имаше серија победи со 78 успеси. 60 од нив беа со нокаут. Не ми кажувај дека си најголем со само 50-0. Тој е навистина добар, но 50-0? Чавез имаше серија од 90 победи. Тој се бореше осум пати годишно против кој му беше даден“.

Секако, во боксот секој има свои критериуми за одредување кој е најголем.

За Тајсон очигледно е важен бројот на натпревари и победи во нив, но и против кого се тие. Затоа тој самиот се смета за најголем.

„Кога зборуваме за овие шампиони, за овие легендарни борци, зборуваме за тоа како тие имаа 100 и нешто битки и 100 и нешто победи. Но, кога ќе погледнеме во историјата, јас победив повеќе светски шампиони од кој било друг. Ги почитувам сите легенди, бидејќи тие се боксери кои го поминаа овој пат, по кој поминав и јас, но нема друг боксер што го постигнал тоа што го постигнав. Можете да се вратите во историјата колку што сакате“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON