Фирас Захаби со храбра прогноза за Мек Грегор-Пориер

Познатиот ММА тренер, Фирас Захаби очекува Конор Мек Грегор повторно да го нокаутира Дастин Пориер.

Тие ќе се сретнат на главниот настан на УФЦ 257, што ќе се одржи на 23 јануари. Ова е реванш, бидејќи во нивната прва средба Ирецот го нокаутира противникот во првата рунда.

Сега, многумина велат, битката ќе биде понеизвесна, но иако не го отпишува целосно Пориер, Захаби верува дека сценариото ќе биде исто.

„Не велам дека Дастин нема шанса“, рече Захаби и додаде: „Но, давам 60-40 во корист на Мек Грегор. Обично не давам такви прогнози, особено на ова високо ниво. Овие се елитни спортисти и светски шампиони. И двајцата имаат шанса да победат и се искусни, опасни и способни да ги завршат битките.

Но, зошто толку многу се наклонувам кон Мек Грегор? Па, мислам дека клучот е во стиловите. Конор Мек Грегор е најдобар во контранападите во историјата на УФЦ. Никогаш немало како неговото ММА. Најсилното оружје на Дастин е боксот, кој целосно ќе го напаѓа Мек Грегор – токму она што тој го сака. И додека Дастин е добар во стој, тој не е на ниво на Мек Грегор“.

Шансата за победа на Дастин, според Фирас Захаби, е да го остави срцето вооктагонот и да дојде до крајните рунди. Сепак, тренерот од Канада верува дека Конор ќе заврши сè во првите две рунди.

„Мислам дека нема да трае долго. Мислам дека Мек Грегор ќе ја заврши работата во првите две рунди”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО