Поветкин го победи коронавирусот и почна со подготовки

Рускиот привремен светски шампион во тешка категорија на ВБЦ, Александар Поветкин веќе се врати на целосен тренинг откако го прележа Ковид-19. Боксерот заедно со тимот го започна тренинг кампот во Геленџик, каде ќе се подготви за реваншот со Дилиен Вајт.

„Поветник целосно се опорави и е подготвен да започне со целосни подготовки за битката. Новиот датум на реваншот ќе биде објавен во наредните денови “, објави ВБЦ.

Ковид-19 го спречи Поветкин да излезе по втор пат против Вајт на 21 ноември, а поради компликации предизвикани од болеста, одложувањето на битката за 30 јануари беше невозможно.

Поветкин и Вајт се очекува да се сретнат повторно во рингот во првата половина на пролетта.

На 22 август Поветкин го нокаутира Британецот, погодувајќи го со силен лев аперкат во петата рунда. Неговиот перформанс ја доби наградата Нокаут на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО