Тајсон: Мејведер, ти си еден мал исплашен човек!

Поранешниот светски шампион во бокс, Мајк Тајсон е сигурен дека со леснотија би го победил Флојд Мејведер во улична борба, а и дека исходот не би бил поинако дури и кога би биле двајцата во рингот.

– Би го „скршил“ Флојд, тоа не би било ниту меч – рече Рајсон во интервјуто за „ГК Спортс“.

Тајсон вели дека Мејведер не е ниту бледа сенка на Мухамед Али, иако признава дека има добра техника за неговиот стил, одличен е во тоа што го прави.

– Доколку беше барем блиску до величината на Мухамед Али, ќе можеше барем своите деца сам да ги води во школо. Зборува за некоја величина, а не може да ги води децата во школо. Величината не се гледа во тоа да се заштитувате себеси од другите, туку до нејзе можете само кога луѓето ве прифаќаат. Доколку не може да ги води децата во школо, тој е само еден мал исплашен човек. Мал, исплашен човек – додаде „Железниот“ Мајк.

Во својата кариера Тајсон стана најмладиот шампион во тешка категорија во историјата (на 20 годишна возраст). Имаше учинок од 50 победи и шест порази, 44 борби ги заврши со нокаут.

Мејведер никогаш не бил толку „агресивен“ како Тајсон, но затоа остана без пораз во својата кариера (50-0) и да не заборавиме дека е еден од најбогатите спортисти во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON