Тајсон, Холифилд и Луис наградени пред Вaјлдер-Фјури 2 (ВИДЕО)

122

Тројца од најголемите легенди во тешка категорија, како и целосно во боксот – Мајк Тајсон, Ивандер Холфилд и Ленокс Луис – беа почестени во рингот од Светскиот боксерски совет пред најочекуваната битка во 2020 година меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер.

Реваншот целосно ги оправда очекувањта за спектаклот, а „Кралот на Циганите“ го нокаутира противник во седмата рунда (откако од аголот на Американецот ја фрлија крпата), за да стане нов шампион на магазинот Ринг и Светски боксерски совет.

Пред Фјури и Вајлдер да излезат во рингот, гледачите им аплаудираа на тројцата легендарни борци Тајсон, Холифилд и Луис, кои добија специјални медали за „целосен придонес“ во историјата на боксот.

https://twitter.com/JGrayCuse/status/1231439582513815552?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1231439582513815552&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D829390