Поранешниот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури (26-0) раскажа за подготовките за мечот против Франческо Пијанета (35-4-1), а, исто така, ги спореди своите претходни ривали Владимир Кличко и Сефер Сефер.
„Пијаната е на една победа да се врати меѓу најсилните. Секој се труди да го покаже максимумот во борба со мене, бидејќи знаат дека победа над мене – тоа е како да си добил седмица на лото. Спарингував со Пијанета уште пред двете негови борби за титулите против Владир Кличко и Руслан Чагаев. Тој е сложен и силен боксер, импресиониран сум од неговата работа“, изјави Тајсон Фјури.
Wilder Not Concerned About Fury Pulling Out Of Their Fight https://t.co/b5R85wPmWw pic.twitter.com/VA09IjPC4H
— BoxingScene.com (@boxingscene) August 7, 2018
„Многумина велат дека средбата со Пијанета за мене ќе биде огромен чекор во споредба со борбата против Сефер Сефери. Секој може да зборува што сака, но факт е дека Сефери се бореше против сегашниот светски шампион Мануел Чар. Да, изгледаше страшно по борбата со мене, но тие случаи се многу. Искрено, Владимир Кличко по спротивставувањето со мене, изгледаше малку подобро од Сефери“, додаде Тајсон Фјури.
Fury: Klitschko Didn't Look Much Better With Me Than Seferi https://t.co/ftpP6HXMIB pic.twitter.com/hSDrrD07rC
— BoxingScene.com (@boxingscene) August 7, 2018
.