Тајсон Фјури не е задоволен од тврдењата на Александар Усик, кој самоуверено прогнозира дека ќе го победи Британецот.
„Џипси Кинг“ е познат по валканиот говор и не му остана должен на Украинецот. Фјури изгледаше непобедливо во тешка категорија, но сега има многу прашалници околу неговата форма. Но, ако мислевте дека слабиот настап во октомври против Френсис Нгану ќе му ја разниша самодовербата, се лажете.
Тајсон Фјури уште еднаш прибегна кон своето традиционално зборување, со кое се обидува да им навлезе во главата на противниците. Усик не е исклучок. Психолошката предност несомнено ќе биде на страната на неговиот украински противник, но Фјури верува дека ќе ги искористи физичките параметри и ќе го здроби својот ривал кој доаѓа од пониската лига.
„Усик, џуџе, го сакаш појасот ВБЦ, но тој е со мене. Ќе те распарчам и ќе те вратам во средна категорија! Сакам да знаеш дека нема да те поштедам. Подготви сè што сакаш, но резултатот ќе биде ист секој пат. Ќе те раскинам на парчиња!“ се закани Фјури.
Тие ќе се соочат на 17 февруари во Ријад. Во прашање е неприкосновената титула во тешка категорија.