Британскиот тешкаш, 35-годишниот Тајсон Фјури, откри дека не сака да боксира во доцните 50-ти години како легендарниот Мајк Тајсон.
Фјури доаѓа од првиот пораз во кариерата, губејќи со поделена одлука од Александар Усик во мечот за апсолутната титула во тешка категорија минатиот викенд во Ријад.
Украинецот на тој начин стана првиот неприкосновен шампион по Ленокс Луис, кој успеа во тоа во 1999 година кога го победи Ивандер Холифилд.
Неодамнешниот меч можеше да заврши во деветата рунда кога Усик неколку пати го удри Фјури, кого јажињата го спасија да не заврши на подот.
Џипси Кинг се најде во нокдаун, а судијата му броеше, а потоа го спаси гонгот кој го означи крајот на рундата. Ова му даде на Фјури малку повеќе време да се соземе.
По мечот се чинеше дека Британецот доживеа потрес на мозокот, бидејќи во еден момент на сите им ја честиташе Новата година.
Иако покажа желба да возврати, можеби Тајсон треба да размисли за пензионирање. Деновиве на таа тема зборуваше и …
„Не можам да замислам во следните пет години да се мотам на околу. Тоа нема никаква врска со моите 20 години во боксот, вложив многу во спортот. Во ова ја дадов младоста, тинејџерските години, целиот живот“, изјави Тајсон Фјури и додаде:
„Морам да имам малку време за себе, навистина. Треба да уживам во тоа без разлика на сè што сум направил, сите признанија што ги освоив и сите пари што ги заработив. Животот е краток, нели? Денес сме тука, а утре нè нема“.
Ромскиот крал има седум деца и гласно зборува за тоа колку долго бил далеку од семејството за да се подготви за борбата во Усик.
Сопругата на Тајсон, Парис Фјури, сакаше тој да се пензионира по третата борба против Дионтеј Вајлдер. Фјури објави дека ќе се пензионира откако го запре Дилиен Вајт.
Но, и тоа не беше вистина, бидејќи се врати на борбите со Дерек Чисора, а потоа следуваа натпреварите против Френсис Нгану и Александар Усик.
Фјури секако нема проблем со парите, но по слабиот настап против поранешниот шампион на УФЦ Нгану и неодамнешниот пораз од Усик, можеби е време да се пензионира.