Александар Усик ќе игра ММА борец во филм со Двејн Џонсон

Апсолутниот шампион во тешка категорија Александар Усик ќе глуми во американскиот филм „Машина за кршење, објави веб-страницата ИМДб/ IMDb.

Двејн „Карпата“ Џонсон го глуми поранешниот шампион на УФЦ, Марк Кер, познат како Машина за кршење, во приказна базирана на вистински настани.

Филмот ќе раскажува за животот на Марк Кер и неговиот подем во светот на ММА кој потоа бил уништен од неговата зависност од опиати.

Александар Усик ќе го игра украинскиот борец Игор Вовчанчин, кој двапати го победи Марк Кер. Сепак, резултатот од нивната прва борба подоцна беше поништен.

Покрај Александар Усик и Двејн Џонсон, во филмот ќе играат и Емили Блант, Линдзи Гевин, Рајан Бадер, Зоја Косович, а премиерата е закажана за 2025 година.

Александар Усик по победата над Британецот Тајсон Фјури за титулата апсолутен светски шампион, се најде на првото место меѓу најдобрите боксери во светот на магазинот Ринг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО